Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска ќе оствари посета на општините Кочани, Виница и Берово.
Груевски прво ќе го посети реконструираното средно општинско училиште „Љупчо Сантов“ во Кочани, а потоа ќе замине во по „Маккпрогрес-Винчини“ во Виница.
Премиерот ќе присуствува на пуштање во употреба на двојно тениско игралиште во Виница, пуштање во употреба на пешачка патека околу Беровско Езеро и ќе постави камен темелник за изградба на фекална канализација за продолжување на главниот колектор во туристичката населба „Беровско Езеро“.
За крај на денешната агенда Груевски ќе го посети и еконструираното основно училиште ,,Никола Петров – Русински“ во Русиново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


