| четврток, 6 декември 2018 |

ЖРК „Вардар“ со втор пораз од „Флери“

Екипата на ЖРК „ Вардар“ ги започна пријателските натпревари во подготвителниот период за искушенијата кои следуваат во новата сезона. Вардарки посакуваат да го повторат успехот од предтходните две години и пласманот на фајнал-форот во „Лигата на шампионите“ и очекуваат да се искачат и скалило погоре со пласманот во финалето и освојување на еврпската титула.
За таа цел во овие подготовки ќе одиграат повеќе контролни натпревари, што не беше случај во минатото.
Моментно избраничките на Индира Кастратовиќ се наоѓаат во Франција, каде ќе играат повеќе средби со шампионот на оваа земја, клубот „Флери“.

Првиот натпревар одигран во петокот заврши со победа на домаќинките од 25-23, а исто така во вчерашниот дуел „црвено-црните“ останаа со куси кракави, но сега со поубедлив пораз од 34-28.

Во првиот меѓусебен натпревар „црвено-црните“ беа поразени со 25-23(10-12), во дуел во кој одигра две различни полувремиња. Во првото избраничките на Кастратовиќ одигра многу подобро што се гледа и по резултатот, додека вториот дел му припадна на клубот „Флери“, кој на крајот се радуваше. Андреа Пенезиќ со 10 гола беше најефикасна на овој дуел, пред Андреа Лекиќ, која постигна 5 погодоци.

Во вчерашниот дуел составот на ЖРК Вардар одигра под своите можности посебно во одбраната и сосема заслужено повторно беше поразен.

Сираба Дембеле ги предводеше вардаровите ракометарки со 6 гола, Андреа Пенезиќ постигна 4, Сања Дамњановиќ и Барбара Лазовиќ по 3.

Третиот и последен контролен меч во Франција, „Вардар“ и „Флери“ ќе го одиграат во вторник, во 18.30 часот. Потоа нашите девојки ќе се упатат кон Букурешт, каде што ги очекува првиот подготвителен турнир пред почетокот на сезоната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top