По вчерашниот дерби дуел во Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Челси, кој заврши со 3-0 за „граѓаните“, менаџерот на сините од Лондон, Жозе Мурињо очекувано имаше неколку контраверзни изјави.
Првичниот негов впечаток беше дека резултатот е „лажен“ и дека не е реален во однос на случувањата на теренот.
По преспиената ноќ и анализирање на мечот, Мурињо продолжи со нападите, а сега цел беа судиите.
Португалецот наведува дека судијата Мартин Еткинсон неколкупати пропуштил да исклучи играчи на Сити, пред сѐ Фернандињо, поради удар со лакт на Диего Коста.
– Моето чувство? Црвен картон за тој случај без размислување. Јаја Туре во 83.минута мораше да добие втор жолт картон при резултат од 3-0. Тоа немаше врска со резултатот во тој момент, но правила се правила. А, правилата велат дека тоа е црвен картон без разлика дали е прва или последна минута – дополнува Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.