Мајкл Мек Адамс, стјуард од канадската компанија „Вестџет“ нашол интересен начин како да им го привлече вниманието на патниците за да им ги презентира безбедносните упатства.
Неговата шеговита презентација се појави на Јутјуб и за кратко време постигна огромна гледаност. На снимката направена од еден од патниците можеда се види како Мајкл на духовит начин им објаснува што треба да направат во случај на опасност во авионот. Во позадина може да се слушне аплауз и смеење на патниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.