Авионот „ATR 42“, во кој се наоѓале 54 патници. меѓу кои и пет деца, и членови на екипажот, исчезнал од радарите додека се наоѓал над реон на источната индонезиска провинција Папуа.
Шефот на индонезиската Национална управа за потрага и спасување, Бамбанг Соелисто потврди дека е изгубен контактот со авионот.
– Не сме сигурни што се случило со авионот и соработуваме со локалните власти – изјави портпарол на индонезиското Министерство за внатрешни работи.
Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил. Летот требал да трае околу 45 минути
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.