Од денеска до 23 овој месец Крушево ќе биде домаќин на 19. Предевропско првенство во змајарство што го организираат Воздухопловната федерација на Македонија и клубот „Крос Кантри“ од Охрид.
На првенството ќе учествуваат над 80 претставници од речиси сите европски држави, а Македонија ќе биде претставена со двајца пилоти на змај.
Во последните години Крушево секое лето го посетуваат околу 600 пилоти на змај. Со својата местоположба Крушево стана едно од најдобрите места во Европа за организирање на натпревари во параглајдерство и змајарство. Досега се организирани многу натпревари меѓу кои Светскиот куп во параглајдерство, Пред европско во параглајдерство, Крушево опен….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.