Пеглањето летно време за многумина е најтешката домашна работа. А јасно е и зошто тоа е така – и онака е претопло за да стоите со топлата пегла в рака. Сепак, испеглани алишта мораме да имаме и за време на топлите месеци, но за среќа постојат алтернативни начини со кои не мораме да ја користиме пеглата:
1.Влажен пешкир
Облеката која сакате да ја испеглате ставете ја на рамна површина и врз неа ставете влажен пешкир. Притиснете и израмнете ги изгужваните делови. Оставете облеката да се исуши.
2.Пареа од бањата
Затворете ги прозорите и вратата од бањата, па облеката која сакате да ја испеглате обесете ја поблиску до тушот, но внимавајте да не ја натопите додека се туширате. Додека вие се бањате, пареата ќе ги израмни изгужваните делови од облеката. Ако облеката е влажна после тоа, оставете ја во друга просторија да се исуши.
3.Прскање со вода
Обесете ја изгужваната облека на место каде може малку да се прска со вода. На одалеченост од околу 30 центиметри попрскајте ја со вода (најдобро со распрскувач). Во водата можете да додадете и малку омекнувач за алишта. Оставете да се исуши на воздух.
4.Пегла за коса
Пред да поминете со пегла за коса по облеката, од неа отстранете ги влакненцата и остатоците од производите за стилизирање на коса, кои можеби останале од претходната употреба. Ако пеглата има регулатор за температура, со неа можете да израмните и чувствителна ткаенина.
5.Коцки мраз во машина за сушење алишта
Изгужваната облека заедно со неколку коцки мраз ставете ги во сушалната, па вклучете ја на краток програм, на висока температура. Мразот ќе се растопи и ќе се претвори во пареа која ќе ја израмни изгужваната облека. Овој метод делува само доколку сушалната е малку наполнета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.