Македонската кошаркарска репрезентација ја постигна и четвртата победа во подготовките за Европското првенство. И во четвртиот натпревар на домашен терен Македонија оствари трумф откако попладнево во Гевгелија беше совладана Венецуела со 55:52. Претходно нашите кошаркари постигнаа победи над Израел (две) и над Украина.
Резултат по четвртини: 08:09; 10:10; 22:13 и 15:20.
Првото полувреме мина во знакот на грешките на двете селекции кои тешко се снаоѓаа на теренот и како резултат на тоа беа и малиот број постигнати поени. Третиот период нашите играчи го добија со девет поени разлика која ја имаа до финишот на дуелот кога на 100 секунди до крајот Венецуела успеа да израми 50:50. Во последната минута Марко Симоновски постигна тројка и потоа украде топка за поени на Бојан Трајковски.
Селекторот Марјан Србиновски реши денеска да ги одмори Војдан Стојановски, Кирил Николовски и Александар Костоски. Во текот на првиот дел на удар во коленото се пожали Дамјан Стојановски, кој до крајот на дуелот остана на клупата за резреви.
Со Венецуела првиот натпревар во овие подготовки го одигра Ричард Хендрикс, кој имаше 6 поени и 4 скокови.
Најефикасен во нашиот состав беше Трајковски со 10 поени, а по 9 постигнаа Симоновски и Предраг Самарџиски.
Македонската репрезентација во недела наутро заминува на турнирот во Литванија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Македонија против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021
-
Клучен меч за Македонија: Нашите кошаркари од 17.30 часот на мегдан со Естонија
-
Цените популарни, за 200 денари бодрете ја македонската кошаркарска репрезентација