| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструкцијата на влезот и на излезот во Штип

­ Реконструкцијата на влезот и на излезот во Штип од кружниот тек кај бензинската пумпа на „Лукоил“ до факултетите, кои се сместени во Кампус 4 на универзитетот „Гоце Делчев“­ во Штип почна денеска. ­

Stip

 

– Проектот е поддржан од Владата, односно преку Агенцијата за државни патишта. Инвестицијата е во вредност од 200.000 евра и опфаќа реконструкција на патот околу кружниот тек и на сообраќајницата, која води и преку железничката пруга, како и сообраќајницата сѐ до клучката кај населбата Три чешми, изјави портпаролот на општина Штип, Драган Ристов.

Тој истакна дека во втората фаза општина Штип ќе ги реализира тротоарните површини до Кампус 4, а оваа инвестиција градот ќе го чини 60.000 евра.

Новите тротоарни површини се прават на барање на штипскиот универзитет, поради поголема безбедност на студентите што одат пеш до факултетите во кампусот.

Ристов информира дека градежните активности за реконструкција на овој пат ги врши ЈП „Македонија пат“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top