| четврток, 6 декември 2018 |

Британска мафија превезува имигранти преку Ламанш

мигра

Британската мафија во северна Франција организирала канал за префрлање на имигранти од Блиски Исток и Северна Африка преку Ламанш во Велика Британија, јави Би-Би-Си.

Според градоначалникот на францускиот град Тетегем, Франк Дерен тврди дека имигрантите на британска територија влегуваат со возила со британски регистерски таблички. Шверцерите на мигранти дејствуваат во близина на францускиот град Дeнкерк, каде има бегалски камп, а мигрантите се превезуваат во камиони.

Еден имигрант за Би-Би-Си изјавил дека потрошил 15.000 фунти за да стигне до Велика Британија – 12.000 фунти за патување до Франција и уште 3.000 за илегално да го премине Ламанш. Тој посочи и дека шверцерите со имигранти носат оружје и го употребуваат врз бегалците кои не ги прифаќаат нивните услови.

Француските власти се обидуваат Дeнкерк да не стане Kале, каде се испратени дополнителни сили за да спречат илегален влез во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top