| четврток, 6 декември 2018 |

Аеродром слави – МЗТ Скопје победник на купот на Македонија

Шампионот МЗТ Скопје успеа да ја одбрани титулата во кошаркарскиот Куп на Македонија откако  во возбудливото финале на купот во СЦ „Борис Трајковски“ победи против Куманово со 79-71.

mzt-skopje-kup-1

Финалето мина во одлична атмосфера и жестоко но спортско навивање од фановите на двата клуба.   Кумановци одиграа уште еден одличен меч со големиот противник не немаа сила за победа откако предходно во два пресврти успeaа да бидат дел од завршницат на кошаркарскиот куп на Македонија.

mzt-skopje-kup-3

Очекувано на паркетот најдобри беа репрезентативците Дамјан Стојановски кој даваше ритам во вториот дел  и репрезентативните центри Гечевски и Чековски.

mzt-skopje-kup-2

Дамјан Стојановски со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ   Чековски даде 16 поени, додека Гечевски го заврши мечот со 11 поени и шест скокови. Голем придонес даде и бекот Бакиќ, кој постигна 15 поени додека кај Куманово најдобар беше  Урош Луковиќ, со  22 поени и 14 скокови. Костоски постигна 16 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top