Кумановската полиција поднесе кривична пријава за штипјаните С.Ѓ.(59) и неговиот син Т.Ѓ (37) за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
По претходно добиената пријава дека Т.Ѓ одгледува насади од растението канабис стаива, лоцирани во с.Татомир, Кратово, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Кратово извесен временски период се преземани оперативно мерки при што на вчера (12.8.) во раните утрински часови се лишени од слобода С.Ѓ , кој пристигнал со цел да ги полее насадите, како и С.С (48) од Штип – такси-возач кој бил ангажиран од страна на С.Ѓ три пати во неделата да го вози на релација Штип – с.Татомир, Кратово
По овластување на Јавен обвинител од ОЈО Куманово, увид изврши увидна екипа на СВР Куманово, при што се пронајдени и запленети вкупно 71 насад од растението канабис сатива во големина од 1 метар до 2-3 метри, кои се откорнати и со потврда за одземени предмети се одземени заедно со пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на растенијата и шприцеви.
По наредби на Основен суд Штип е извршен претрес во домовите и помошните простории на С.Ѓ и Т.Ѓ, при што од домот на Т.Ѓ со потврда за одземени предмети се одземени: најлонска ќеса со НН растителна зелена материја, семе од НН растителна материја, луле со дробалка, четири паковки со ризли, дигитална вага, дурбин, ловечки патрон, 2 куршуми 7,62 мм и куршум за гасен пиштол. Во останатите простории се пронајдени и одземени се: три засадени стебла со должина од 145 цм, 185цм и 190 цм , девет грама растителна материја, 15 стари метални монети а во лозјето сопственост на пријавените се пронајдени и одземени две засадени стебла канабис во должина од 90 см и 100 см.
С.Ѓ е спроведен до ОЈО Куманово и по спроведената постапка од страна на Судија на претходна постапка му одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Т.Ѓ извесен временски период не е на подрачјето на РМ односно истиот престојува или во Р.Германија или во Р.Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


