Петнаесетгодишен малолетник од Гостивар со нож го нападнал својот дедо и ја натепал две години постарата сестра. Полицијата го фатила малолетникот, кој наскоро за проблематичното однесување ќе заработи соодветна пријава.
Според СВР Тетово, 66-годишниот М.М. вчера околу 22 часот пријавил дека бил физички нападнат од внукот, кој во еден момент извадил нож и му нанел расеченица на левата надлактница. Момчето претходно, откако влегло во дворот на семејната куќа се нафрлило врз сестрата и почнало да ја удира. За го спречи насилството и за да ја заштити внуката, дедото се обидел да го отргне внукот, но притоа добил удар во главата и раан во левата рака.
По санирањето на повредите во гостиварската болница, случајот бил пријавен во полиција, а во консултација со јавен обвинител, малолетникот во присуство на социјален работник бил повикан на разговор.
Од почетокот на годинава, во Гостиварско се регистрирани 15 случаи на семејно насилство со потешки последици за кои се изработени кривични пријави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.