| четврток, 6 декември 2018 |

Леонел Моралес гостува на „Охридско лето“

Со дела од Бетовен, Рахманинов и Стравински ќе се претстави вечер на „Охридско лето“ кубанско-­шпанскиот пијанист Леонел Моралес кого критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето.

C412EA87AAC4B44994008FEB59010FF8

 

Концертот е во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа.

По завршувањето и на постдипломските студии, Моралес се преселил во Шпанија, каде што почнал активно да настапува и да учествува на голем број национални и интернационални натпревари, на кои освојувал значајни награди. Настапувал во речиси сите големи музички центри во светот, каде што одржувал мајсторски школи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top