Со дела од Бетовен, Рахманинов и Стравински ќе се претстави вечер на „Охридско лето“ кубанско-шпанскиот пијанист Леонел Моралес кого критичарите го опишуваат како изведувач со брилијантна техника, леснотија, елеганција и неверојатна прецизност во свирењето.
Концертот е во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Дипломирал на Универзитетот во Хавана, под менторство на пијанистот Франк Фернандез, инаку студент на еминентниот руски пијанист Виктор Мерзанов, следејќи го методот на традиционалната руска школа.
По завршувањето и на постдипломските студии, Моралес се преселил во Шпанија, каде што почнал активно да настапува и да учествува на голем број национални и интернационални натпревари, на кои освојувал значајни награди. Настапувал во речиси сите големи музички центри во светот, каде што одржувал мајсторски школи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст