Поранешниот гувернер на Флорида и претедендет за претседателски кандидат на Републиканската партија за изборите во 2016 година, Џеб Буш ги обвини актуелниот американски претседател Барак Обама и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон дека се одговорни за подемот на џихадистичката група Исламска држава (ИД) и за сегашниот конфликт на Блискиот Исток.
Во говор одржан во претседателската библиотека „Роналд Реган“ во Калифорнија, Буш рече дека „прераното повлекување“ на американските трупи од Ирак во 2011 година, претставувало „фатална грешка“ на претседателот Обама и на Клинтон, поради што, според него, дошло до дестабилизација во оваа земја и до создавање терен за растеж на џихадистите од ИД.
– Во нестрпливото настојување да бидат креатори на историјата, тие двајцата (Обама и Хилари Клинтон) ја пропуштија можноста да бидат миротворци – рече Џеб Буш.
Во говорот во кој, главно, се најдоа основите на републиканската надворешна политика, Џеб Буш се заложи за поголемо американско присуство на Блискиот Исток, не давајќи детали какво би било тоа.
Буш побара создавање безбедносна зона забранета за летови над Сирија, се заложи за смена на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и за зголемена американска поддршка за ирачките Курди и за поголема координација меѓу војската на САД и ирачките сили.
Хилари Клинтон, која има сериозни проблеми поради користењето на својата приватна електронска пошта за службена комуникација додека беше државна секретарка на САД, не одговори на критиките од Буш, но со реакција се огласи еден од нејзините советници во кампањата.
Тој го обвини Џеб Буш дека се обидува „одново да ја пишува историјата“ и да ја префрла одговорноста на други, потсетувајќи дека одлуката за заминување на Американците од Ирак е на претходната администрација на неговиот постар брат, Џорџ Буш Помладиот.
Советникот на Клинтон тврди дека и вината за подемот на ИД треба да се бара во администрацијата на претходниот претседател, затоа што, како што сметаат во штабот на Хилари Клинтон, погрешно била распуштена ирачката армија и се дозволило потиснување на сунитите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Се појавија обвиненија и за Буш: Хедер Линд јавно проговори за сексуалниот напад од поранешниот претседател на САД
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија



