– За жал, мора да ја прекинеме оваа непријатна тишина. Моја должност е на хрватската јавност да и соопштам она што сите нас не ужаснува. Потенцирам, не може да бидеме 100 отсто сигурни дека е вистина. Не знам ни дали ќе знаеме и во следните неколку дена. Ова што го гледаме изгледа грозно. Ги замолувам сите да не ги споделуваат фотографиите и поради нашето општество но и поради семејството Салопек кому му стоиме на располагање – изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на прес-конфренцијата која штотуку заврши во Загреб.
Тој додаде дека хрватските служби се ободуваат да ја утврдат автентичноста на снимката на погубување на нивниот сограѓанин од страна на ИСИС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.