| четврток, 6 декември 2018 |

Идната недела застаруваат три од четирите обвинeнија против Асанж

асанз

Идната недела застаруваат три од вкупно четирите обвиненија против основачот на Викиликс, Џулјан Асанж, кој повеќе од три години се крие во зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, за да не биде екстрадиран во Шведска.

Во изјава за лондонски „Тајмс“, претставник на шведсното Државно обвинителство, чиј идентитет не се открива, рекол дека во текот на идната недела истекува рокот од пет години за покренување формално обвинување за сомнежите за извршено сексуално насилство.

Според шведските закони, сомнежите за вакво дело застаруваат по пет години од пријавувањето, доколку правосудните власти во тој рок не определат дали осомничениот (во случајов Асанж) ќе биде обвинет или ослобден.

Сомничењето за насилен секс го пријави во 2010 година една Швеѓанка, која на полицијата и на обвинителите им призна дека му дозволила на Џулијан Асанж да престојува во нејзиниот стан, додека тој службено бил во посета на Стокхолм.

Во европската потерница, што ја издададоа шведските правосудни власти, а врз онова на која британскиите судови определија Асанж да биде екстрадиран во Шведска за да биде сослушуван, основачот на Викиликс од дрига жена е обвинет за силување.

Тоа нема да застари и во наредните пет години до 2020 година, па останува нејасно што ќе се случи идната недела и каква ќе биде позицијата на Обвинителството во Стокхолм.

Во март годинава шведските власти понудија Асанж да биде испрашуван во еквадорската Амбасада во Лондон, но до тоа не дојде, иако основачот на Викиликс, неговите адвокати и Еквадор, кој му даде политички азил на осомничениот, претходно самите бараа такво решение за да не мора тој да биде префрлен во Шведска.

Асанж во јуни 2012 година побегна од станот во кој мораше да престјува додека се бранеше од слобода со кауција, во времето додека британските судови распрваа дали да им биде предаден на шведските власти и се сокри во еквадорската Амбасада.

Од тогаш тој се наоѓа во Амбасадата, која ја чува британаката полиција, не дозволувајќи му на Асанж да излезе и да замине за Еквадор.

Основачот на Викиликс ги отфрла обвинувањта на двете жени и тврди дека намерата е тој да биде префрлен во Стокхолм за потоа да им биде предаден на Американците, кои би му суделе за објавувањето на доверливите воени и дипломатски материјали на админстрацијата на САД.

Велика Британија, која годишно троши по 12 милиони фунти за да спречи ново бегство на Асанж, настојува да се ослободи од целиот овој случај, но досега отфрлаше билатерална спогодба меѓу Лондон и Кито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top