Фондот за здравствено осигурување на Македонија во Клиниката за детски болести, Институтот за белодробни заболувања Козле, Клиничката болница – Тетово и Општата болница – Охрид, донираше играчки камиончиња, автомобили, кадифени мечиња и кученца, со кои ќе си играат децата пациенти на возраст од 2-12 години кои се хоспитализирани во тие јавни здравствени установи.
Од ФЗОМ соопштија дека преку бројните проекти кои ги реализираат продолжуваат со грижата за своите осигуреници.
– Се надеваме дека оваа донација на детски играчки барем за миг ќе им го разубави престојот во болница. Грижата и посветеноста на Фондот е сите осигуреници да го остварат правото на здравствено осигурување, како и подобрување на квалитетот, професионалноста и хуманоста на вработените во здравствениот систем, стои во соопштението од ФЗОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марко Новески, Вики Ристовска и Владимир Блажевски – DJ Shorty P aкa Панчо донираа за СОС Детско село
-
Внимавајте кога купувате играчки за деца во Македонија
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
„Проект среќа“: Бесплатна спортска опрема и бесплатни членарини во спортски клубови на деца во социјален ризик