| четврток, 6 декември 2018 |

Кирнс: Маневрите на НАТО и на Русија го зголемуваат ризикот од војна

Зачестените масовни воени вежби на земјите-членки на НАТО и на Русија, ја зголемуваат веројатноста од воен конфликт на територијата на Европа, предупреди директорот на лондонската Европска лидерска мрежа, Иан Кирнс.

ian-kirns

– Воените вежби создаваат клима на недоверба, предизвикуваат несигуност и го зголемуваат ризикот од опасни воени судири – оценува Кирнс, кој е коавтор на истражување на Мрежата во кое се анализирани по едни маневри на Русија и на НАТО.

Со анализата била опфатена воената вежба на Русија од март годинава во која учествуваа 80.000 војници и маневрите „Сојузнички штит“ на НАТО од пред два месеци, во кои беа вклучени 15.000 припадници на вооружените сили на 19 членки на Алијансата и на три држави-партнери.

Според авторите на судијата, анализата на карактерот на воените вежби укажува дека Русија се подготвува за евентуален конфликт со НАТО, а од друга страна Алијансата вежба можен судир со руските сили.

Анализирањето на двете вежби навело на заклучок дека НАТО смета дека негови „најранливи“ места се Полска и балтичките земји, додека такви локации за Русија, според стратезите во Москва, се реонот на Арктикот, Крим и граничните подрачја кон Естонија и Летонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top