ЕУ годишно „расфрла“ по 22 милиони тони храна, а предводник меѓу земјите-членки е Велика Британија, покажуваат резултатите од извршената анализа, која е извршена со поддршка на Европската комисија.
Податоците од анализата се добиено од шест земји на ЕУ – Велика Британија, Романија, Германија, Данска, Финска и Холандија. Од овие држави Романија расфрла најмалку храна. Истражувањето покажало дека околу 80 отсто од расфрлањето на храната може да се спречи.
Според експертите, воспитувањето на луѓето како да пазаруваат повнимателно и како да ги планираат своите потрошувачки потреби може да помогне да се спречи оваа појава, а истовремено и да се намалат трошоците за храна кај луѓето.
Заедничкиот истражувачки центар на ЕК, кој ја спровел анализата, наведува дека „големо количество храна се уште може да се конзумира, но се фрла откако ќе помине нејзинот краен рок за продажба, кој е различен од рокот на употреба на производот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.