| четврток, 6 декември 2018 |

Претставници на ирската „Баракуда“ во посета на Македонија

Баракуда Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски денеска во Владата на Република Македонија ќе се сретне со претставници на ирската компанија Barracuda FX која вчера преку официјално соопштение на нивниот веб сајт ја објави одлуката за инвестирање во Македонија.

Компанијата е водечки ирски провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар лоцирана во Даблин, која соработува и испорачува софтверски услуги за најреномирани светски банки и финансиски институции, а е носител на престижни интернационални награди и признанија.

Активностите за отворање центар за истражување и развој во Македонија, ирската компанија најави дека ќе ги почне наскоро. Тоа ќе значи можност за вработување, обука и доусовршување на домашниот кадар од информатичките науки.

Според владиниот тим кој учествуваше во преговорите, а кој го сочинуваа вицепремиерот Пешевски и заменик директорот на Инвест Македонија, Климент Шеќеровски, задоволството од успехот да се привлече ваква респектабилна компанија е огромно и е последица на макотрпна работа, низа владини реформски проекти и континуиран ангажман за креирање поволен деловен амбиент во Македонија. Влезот на Баррацуда ФЏ го гледаат како поттик и за други ирски компании да дојдат во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top