Минатогодишниот финалист на регионалниот „Икс-фактор“ Лукијан Ивановиќ синоќа бил приведен за време на неговата свирка во српски Вишеград, дознава „Скандал.рс“.
Додека настапувал во еден локал, полицијата влегла и околу 23 часот му рекле да ја прекине свирката. Тој ги игнорирал, по што го привеле во станица.
Според него, полицајците му се заканиле никогаш повеќе да не настапува во тој локал, а тој бил мирен за да не добие ќотек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.