Комуналните полицајци во хрватската општина Тисно после 20 часот ќе прават обиколко на плажите и ќе ги конфискуваат сите оставени ранци, лежалки, крпи и останатата „опрема“ која капачите ја оставаат на песокот, за наутро повторно да си го заземат истото место, пишува хрватски „24сата“.
Во последно време луѓето се почесто ги оставале личните работи на плажа и така се создавало неред.
Доколку комуналните редари ги соберат оставените работи, власникот ќе мора да ги подигне во просториите на општината.
Шпанските власти, пак, отидоа чекор подалеку со слична мерка на голем дел од нивните плажи. Таму, редари ќе има и во текот на денот, за оние кои сакаат да ги остават своите работи за подоцна пак да се вратат, да не им го фаќаат просторот на туристите кои доаѓаат подоцна.За конфискуваните работи во тој случај власникот ќе мора да плати 30 евра, ако ги сака назад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.