| четврток, 6 декември 2018 |

Maсовна тепачка на мигранти на грчкиот остров Кос (ФОТО)

Грчката полиција, денеска,  на островот Кос употреби пожарникарски возила и палки против пристигнатите имигранти, информираа британските медиуми, повикувајќи се на грчката државна телевизија.

_84816380_028517307-1

До тензии дошло откако стотици имигранти се собрале на стадион на островот за да добијат имиграциски документи.

_84816376_028517431-1

Денешниот судир меѓу имигрантите и полицијата се случи само еден ден откако на островот еден грчки полицаец беше отпуштен од службата затоа што со нож замавнал и му удрил тупаница на еден пакистански имигрант, информираат грчките медиуми.

_84816382_028517123-1

Островот Кос е еден од грчките острови на кои во последните недели се забележува драстично зголемување на бројот на пристигнати имигранти и бегалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top