| четврток, 6 декември 2018 |

„Златна зора“ побара да се врати смртната казна во Грција

Грчката партија „Златна зора“ побара да се врати смртната казна за имигрантите кои се виновни за тешки злосторства. Исто така побара и полицијата да биде вооружена со потешко оружје, објави весникот „Катимерини“.

zlatna-zora

Во соопштение на ултранационалистичката партија се истакнува дека „имигрантите убијци“ ја претвориле земјата во „џунгла“ и дека државата е неспособна да се справи со нив.

– Военото оружје е многу важно, за да може полицијата да се бори со „тешко вооружените банди од имигрантски криминалци“, се посочува во соопштението на „Златна зора“.

Грција официјално ја укина смртната казна во 1993 година и покрај тоа што последните егзекуции беа извршени во 1972 година, додава „Катимерини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top