| четврток, 6 декември 2018 |

ИД бара потенцијалните британски џихадисти да дејствуваат во Велика Британија

ид

Групата Исламска држава бара од потенцијалните британски џихадисти, место да доаѓаат во Сирија, за да се вклучат во разни терористички напади, да останат во Велика Британија и таму да дејствуваат, врз истите основи како и на сирискиот фронт.

Ваквата нова тактика на оваа милитантна исламистичка сунитска група, ја открива британската телевизија „Скај њуз“, чиишто новинари спровеле истрага и лажно претставувајќи се како „потенцијални џихадисти“ комуницирале, преку интернет-страниците на ИД за регрутирање , со припадници на оваа група на различно ниво.

Новинарската екипа утврдила дека ИД сега ги охрабрува Британците да формираат банди што би почнале еден долг процес за создавање Исламска држава на територијата на Британија.

Истрагата на „Скај њуз “открила дека ИД успеала да регрутира преку интернет „барем седуммина Британци“ за да извршуваат терористички напади на британска територија, во стилот на „осмени волци“.

Новинарите комуницирале со Џунаид Хасан, 21-годишен муслиман од Бирмингем и со неговата сопруга Сали Џонс, од Чатам во англиската област Кент, кои се во Сирија.

Оваа поранешна британска панкерка, меѓу џихадистите позната како Ум Хасан, во сирискиот град Рака, што џихадистите го имаат под контрола, задолжена е да регрутира жени од Западот, за потребите на џихадистите од ИД.

Таа им признала на прикриените репортери на „Скај њуз“ дека има еден потенцијален бомбаш-самоубиец во Шкотска, како и дека двајца други од Британија се обучуваат за извршување терористички напади.

Сали Џонс (Ум Хасан) за нив рекла дека станува збор за млади луѓе без никакво криминално, или екстремистичко досие.

Еден од командантите на ИД се пофалил дека четворица-петмина Британци се обучуваат да извршуваат терористички напади навор од територијата на „калифатот„ (совоената територија од Сирија и Ирак).

Откритијата на „Скај њуз“ доаѓаат по минатонеделното предупредување на некои лондонски весници дека џихадисти планираат напад, со подметната бомба, врз британската кралица Елизабета.

Нападот би требало да се случи за време на одбележувањето на 70-годишнината од крајот на Вторатата светска војна.

Весниците се повикуваа на безбедносни извори, но лондонската Метрополитен полицијата издаде соопштение во кое побара да не се создава паника и најави дека „нормално продолжуваат подготовките“ за одбележувањето на денот на победата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top