Американски воен авион Ф-16 се урна во шума во германската провинција Баварија, а пилотот успеал да се катапултира и се здобил со полесни повреди, соопшти локалната полиција.
Властите веднаш го блокирале местото на несреќата во близина на Енгелмансројт во северниот дел од покраината. Медиумите објавија дека постои опасност од експлозија и на терен се наоѓаат пожарникари.
Полицијата не ги соопшти причините за падот, но се претпоставува дека станува збор за дефект на моторот.
Авионот полетал од американската база Шпангдалем во западниот дел на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.