Ќерка ѝ многу плачела по мајмунот, па мајка ѝ решила да го украде. Неверојатна приказна се крие зад кржабата на мајмунчето Лука во скопската Зоолошка градинка. 26-годишна кавадарчанка решила да го украде мајмунот од скопската Зоолошка градинка, бидејќи ќерка ѝ плачела по него секогаш кога ќе го видела. За таа цел го ангажирала и својот 31-годишен пријател, исто така, од Кавадарци. Дошле во Скопје со намера да го украдат мајмунот и биле комплетно подготвени за тоа. Носеле алат за да ја пресечат оградата. Ја пресекле и го извадиле мајмунот по што го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата.
Надвор ги чекало такси. Веднаш се упатиле кон Кавадарци, но полицијата пред влезот на градот ги уапсила, а ќерка ѝ не успеала ниту да го види.
Жената и нејзиниот пријател ќе одговараат за тешка кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст