| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерка ѝ плачела по мајмунот, морала да го украде

zoo

Ќерка ѝ многу плачела по мајмунот, па мајка ѝ решила да го украде. Неверојатна приказна се крие зад кржабата на мајмунчето Лука во скопската Зоолошка градинка. 26-годишна кавадарчанка решила да го украде мајмунот од скопската Зоолошка градинка, бидејќи ќерка ѝ плачела по него секогаш кога ќе го видела. За таа цел го ангажирала и својот 31-годишен пријател, исто така, од Кавадарци. Дошле во Скопје со намера да го украдат мајмунот и биле комплетно подготвени за тоа. Носеле алат за да ја пресечат оградата. Ја пресекле и го извадиле мајмунот по што го ставиле во црна вреќа и ја прескокнале оградата.

Надвор ги чекало такси. Веднаш се упатиле кон Кавадарци, но полицијата пред влезот на градот ги уапсила, а ќерка ѝ не успеала ниту да го види.

Жената и нејзиниот пријател  ќе одговараат за тешка кражба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top