Барселона против Севилја е шпанската пресметка во Тбилиси вечерва од 20, 45 часот за суперкупот на Европа.
Актуелниот европски првак Барселона со триумф ќе го освои петтиот пехар и ќе се израмни со Милан како најтреофеен со 5 освоени суперкупови. Каталонците се рекордери по бројот на настапи со 9 натпревари за трофејот на Европа.
Севилја е актуелен освојувач на Европа Лигата, а има учествувано во сите три шпански пресметки за вредниот трофеј. Шпанците го држат рекордот со три меѓусебни меча, по нив се Италијанците со две „домашни“ пресметки, а посебно значење вечерашниот меч има за Дани Алвеш.
Сегашниот бек на Барселона беше стрелец за Севилја во 2006 година, кога падна Барса, а вечерва ќе игра против својот некогашен клуб. Тој е рекордер со пет учества во ваквите натпревари, а четирипати му се радуваше на трофејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



