Градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ рано утринава во четири часот ги чистел улиците на главниот град на Хрватска.
Акцијата почнала рано наутро, а била организирана бидејќи градоначалникот бил незадоволен од улиците кои според него биле многу валкани.
Чистењето на улиците под водство на Бандиќ почнало од плоштадот Бан Јелачиќ и продолжило до Прашката улица.
Тој им се придружил на работниците, го зел шмркот и им покажал како треба да се чистат улиците.
– Улиците треба да бидат чисти, да се лиже од нив – прокоментирал Бандиќ во свој стил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.