Грчката Влада претпладнево постигнa договор со кредиторите, јавија грчките медиуми.
Имаме бел чад, имаме договор, изјавил добро информиран извор по денешните средби меѓу грчките и претставниците на меѓународните институции.
Според информациите, како што јави дописникот на МИА од Атина, двете страни направиле компромиси за прашања во врска со „лошите кредити“, фондовите за приватизација и дерегулацијата на пазарот на енергетика.
Сепак, некои детали во врска со реформите остануваат отворени и ќе бидат разгледани од страна на техничките групи.
Договорот е постигнат по маратонските дискусии кои траеја 22 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот