| четврток, 6 декември 2018 |

Витамините од Б групата го намалуваат ризикот од инфаркт

Со анализа на 14 клинички студии спроведени врз 54.913 испитаници, набљудувано е влијанието на земањето додатоци во исхраната во облик на Б витамини, врз ризикот од срцев удар.

vitamin-B1

Сите студии го споредувале внесот на додатоци во исхраната со плацебо или изразито ниски дози на витамини од Б групата.

Испитаниците се следени во текот на шест месеци, а резултатите од студијата покажале дека внесот на Б витамини во облик на додатоци во исхраната го намалува ризикот од инфаркт за седум отсто, во однос на оние испитаници кои земаат плацебо или ниски дози на витамини Б комплекс.

Меѓутоа, авторите на студијата воочиле дека фолната киселина (Б9) и витамините В12 во облик на додатоци во исхраната не го намалуваат ризикот од инфаркт и не влијаат на јачината на инфарктот.

Авторите на студијата исто така нагласиле дека различните болести, внесот на лекови и збогатените производи можат да влијаат на делувањето на Б витамините во организмот.

Во храна богата со фолна киселина спаѓа зеленото лиснат зеленчук, месо од живина, агруми, особено портокал и грејпфрут.

Намирници богати со Б12 се: цревното месо, месо од живина, риба, морски плодови, јајца, млеко.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top