| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка се удавила бидејќи татко и не дозволил спасувачите да ја допрат

Девојка Мулиманка се удавила во морето во Дубаи бидејќи нејзиниот татко ги спречил спасувачите да помогнат, не дозволувал да допираат „непознати“, пренесе Макфакс.

An aerial view of Dubai Marina and new buildings at Dubai Beach Residence (JBR) in gulf emirate of Duba

Девојката која се давела не можеле да ја извадат спасувачите бидејќи не можеле да и се доближат од нејзиниот татко кој сметал дека семејството ќе биде „посраметено“ ако ја допрат непознати лица.

Шефот на локалната полиција, потполковникот Ахмед Бургиба за интернет станицата „Емирати 24/7“ изјавил дека тоа бил еден од најпотресните случаи во неговзата кариера.
– Никогаш нема тоа да го заборавам. Бевме сите шокирани од тоа што се случи.

Неразумниот татко кој е идентификуван само како „Азијат“, на плажата дошол со сопругата и децата. Во еден момент дваесетгодишната девојка која пливала почнала да се дави и да повикува помо. Двајца спасувачи биле на плажата и притрчале да и помогнат, но патот им го попречил нејзиниот татко“ изјавил Бургиба.

Викал дека доколку непознати ја допрат неговата ќерка таа ќе биде обесчестена, а семејството засрамено.

„Тоа неговата ќерка ја чинело живот“ раскажал полицаецот и напоменал дека таткото бил крупен и многу агресивен кон спасувачите.

– Девојката можеше да биде сшасема бидејќи спасувачите биле многу близу – истакнал тој.

Таткото на девојката ќе биде уапсен и обвинет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top