Толку очекуваниот годишен одмор на море и токму првиот ден добивте менструација. Ова сценарио сигурно го проживеале многу жени, но тоа не мора да значи и крај на уживањето на плажата. Гинеколозите одговориле на петте најважни и најчести прашања за менструацијата и летувањето.
1. Дали смеам да се капам првите денови од менструација?
Ако жената има уреден циклус и благи крвавења може да се капе веќе првиот ден, но умерено, кратко и со тампон. Тампонот треба да се менува секој пат по излегувањето од водата.
Ако крвавењата се посилни и пообилни, сепак, би било препорачливо да се причека еден до два дена. Капењето во загреани базени може дополнително да го интензивира крвавењето.
2. Дали смеам да се сончам во текот на менструацијата?
Сончањето во текот на најтоплиот дел од денот, како и седењето на врел камен секогаш би требало да се избегне. Но, во доцните попладневни часови, кога сонцето е послабо сончањето е дозволено само ако имате послаба менструација.
Исклучок се почувствителните жени со силни и неправилни крвавења. Тие секако би требало да го избегнуваат престојот на директно сонце.
3. Што мора да направам по годишниот одмор?
Откако ќе се вратите од море/езеро се препорачува употреба на вагиналети со пробиотик поради нормализирање на вагиналната флора. Во случај на појава на променет, пообилен исцедок, со чешање, пецкање или непријатен мирис, се препорачува преглед кај гинеколог.
Промената на средината може да го наруши циклусот, а капењето, мокриот костим за капење и седењето на јавни површини во гаќи може да предизвика воспаление, како и габични или бактериски заболувања кои треба да се лекуваат.
4. Колку е паметно да се користи методот на одложување на менструацијата за побезгрижно летување?
Во исклучителни ситуации може да се препорача некој од методите на одложување на менструацијата. Кај жените што земаат хормонска орална контрацепција (антибеби таблети) тоа е полесно изводливо, додека во природниот менструалени циклус потребно е во текот на повеќе денови да се даваат таблети поради надоместување на хормоните, за да не дојде од крвавење, истакнуваат лекарите.
5. Дали може водата да биде премногу студена или премногу топла за капење во текот на менструацијата?
Студената вода генерално може да им наштети на женските полови органи во смисла на настинка и последични воспаленија во подрачјето на јајчниците, како и активирање на болката на местото на порано преболено воспаление, а им прави услуга и на уринарните инфекции.
Топлата вода предизвика вазодилатација – ширење на крвните садови во целото тело, па така и во матката што за последица може да има обилно крвавење.
zadovoljna.hr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.