Европската комисија предвидела 2,4 милијарди евра до 2020 година за решавање на проблемот со миграцијата во ЕУ, објави Аника Бејдхарт, портпарол на ЕК.
Парите се обезбедуваат во рамки на структурни фондови на Унијата и ќе бидат наменети за подобрување на процедурите за азил и на условите за интеграција на мигрантите, за борба против трговијата со луѓе и за сите видови прекуграничен криминал и екстремизам.
Италија ќе добие најголем дел од помошта – околу 560 милиони евра, а Грција 473 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.