| четврток, 6 декември 2018 |

Египет апси сатиричар затоа што се потсмевал на исламот и на претседателот

Египетскиот јавен обвинител издаде налог за апсење на популарниот сатиричар Басем Јусеф поради вреѓање на исламот и на претседателот Мохамед Морси.

Агенцијата Франс прес повикувајќи се на судски извори пишува дека против водителот на неделното шоу на програмата Албернамег, се поднесени неколку жалби.

Јусеф кого често го нарекуваат египетски Џон Стјуард, во чија емисија ретко која јавна личност била поштедена од неговиот хумор, во повеќе наврати им се потсмевал на владеачките исламисти, особено на привремениот претседател Морси.

Зголемениот број тужби против новинарите фрли сенка на ветувањето на египетскиот претседател за почитувањето на слободата на изразување што беше клучно барање на учесниците во Арапската пролет во која беше урнат режимот на Хосни Мубарак во 2011 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top