Птер Чех имаше катастрофално деби за Арсенал во Премиерлигата и е голем виновник за поразот на топчиите од градскиот ривал Вест Хем со 0-2.
При првиот гол Чех исплива во празно и Којате лесно погоди со глава, а потоа погрешно го процени ударот на Зарате и повторно прими наивен гол.
Шегите на сметка на поранешниот голман на Челси веднаш ги запалија социјалните мрежи, а интересен е твитот со објаснување дека Петр е двоен агент во корист на Челси.
Потоа Чех си прави селфи, место да го чува голот на Арсенал…
И за крај Венгер го бара скапото засилување Петр Чех во ѓубриштето каде се фрлаат отпадоците и ефтините работи…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.