Туристичката понуда на преспанскиот регион е збогатена со уште една содржина – новоизградената плажа на Преспанското Езеро кај Стење во должина од околу 500 метри.
Плажата денеска ја посети премиерот Никола Груевски во рамките на посетата на преспанскиот регион.
– Туристичката сезона е во полн ек и локалното население веќе ги гледа резултатите од новата плажа. Туристите одлично го прифаќаат овој новитет и веќе е забележана поголемата раздвиженост во Стење- нагласи Груевски.
Тој најави дека веднаш по комплетното завршување на активностите на плажата во Стење ќе почне изградба на нова плажа во Сливница.
– За овие две плажи веќе имаме издвоено околу 77 милиони денари и нивната изградба е дел од нашата визија за преродба на туризмот во преспанскиот регион. Дел од таа визија е и изградбата на плажите во Отешево, Крани, Коњско и Претор што ќе се реализира во наредниот период- нагласи Груевски.
Во рамки на посетата на демирхисарско-преспанскиот регион премиерот денеска ги предаде во употреба зградите со социјални станови за социјално ранливи категории во Демир Хисар и Ресен и го пушти во употреба новото изграденото тениско игралиште во ОУ „Гоце Делчев“ во Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски