Најмалку 23 припадници на турските сили за безбедност биле убиени во напади на бунтовници од забранетата Курдска работничка партија (ПКК) во периодот од 7 јули до 7 август, јави Анадолија.
Во тој период загинале најмалку 11 цивили, а 101 се ранети. Во тие податоци не се жртвите од самоубиствениот напад на 20 јули во Суруч во кој загинаа 32 цивила.
Турските сили продолжуваат со нападите врз позиции на ПКК во државата и зад граница. Во операциите што почнаа на 1 август убиени се 260 бунтовници и над 400 се приведени. Во турските затвори моментно има 3.788 осудени и 783 приведени членови на ПКК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.