| четврток, 6 декември 2018 |

Претепани две момчиња во „Кадмо“

кадм

Две момчиња, К.Р. од Охрид и Т.Н од село Љубаништа, се претепани рано утрово во угостителскиот објект „Кадмо“, соопшти полицијата. Случајот го пријавила Ј.Ф.(1990) од Охрид која заедно со нив и со Д.Ј., исто така од Охрид, ноќеска дошле во локалот.

Според Ј.Ф., Т.Н се качил на маса и играл, по што влегле две непознати лица облечени во црни маици со натпис „Кадмо“ кои го фатиле за кошула и го извлекле надвор. Веднаш потоа неколку лица физички го нападнале К.Р. удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, а насилно ја исфрлиле и неа надвор од објектот. Потоа, со возило кое го управувала Д.Ј., а во кое К.Р. паднал во безсознание, момчињата се префрлени во охридската болница.

СВР-Охрид презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top