| четврток, 6 декември 2018 |

После овој текст ќе го смените појадокот

cereal

За многумина корнфлексот со млеко или јогурт е омилен појадок, но колку и дае здрав, тоа не е причината поради која е создаден.

Џон Харви Келог, физичарот кој на крајот на 19 век го измислил овој вкусен појадок, воопшто не бил љубител на сексот и на телесното уживање и го сметал за чин кој го труе телото и мозокот. Келог со здравиот појадок имал намера да ги одвикне луѓето од утринското самозадоволување.

johnharveykelloggggbain15047

 

Тој го поминал целиот свој живот во целибат, а со жената спиел во одвоени соби. Децата ги посвоил затоа што не сакал да учествува во нивното зачнување, додека мастурбирањето го сметал за уште поголемо злодело од класичниот секс.

Во својата книга “Plain Facts for Old and Young” тој опишал 39 симптоми кои ги сметал за последици од самозадоволувањето.

Меѓу останатото, тој ги навел епилепсијата, акните, лошото држење, слабоста, вкоченоста на зглобовите, спориот развој, психичката нестабилност и зголеменото чукање на срцето. Здравата исхрана ја сметал за клучен лек против сите болести и пореметувања.

Месото и богато зачинетата храна, според него, ја поттикнувала сексуалната желба, додека лесните и едноставни оброци го прочистуваат телото и умот.

Најпрво тој ги измислил т.н. гранули, житарици кои прво се печеле, па потоа се ладеле. Набрзо Келог се нашол соочен со тужба за кражба, бидејќи во тоа време и некој друг го лансирал истиот производ.

 

Неговиот следен изум била машината за чистење на цревата, и тоа најпрво со вода, а потоа и со јогурт – една количина одела низ устата, а другата низ анусот. После овој контраверзен изум, дошле на ред едноставните житарици кои денес ги знаеме како Корнфлекс.

Тој се здружил со својот брат Вил, кој подоцна во нив додал и шеќер поради подобрување на вкусот. Двајцата се основачи на најпознатата компанија за корнфлекс и житарици „Келог’с“.

k2-_b4a7ea88-f3ff-45d7-a6d1-2719d2474709.v1

Покрај житарици и јогурт, Џон Келог имал уште подобри рецепти против мастурбацијата.

На девојките им советувал спалување на клиторисот со карбонска киселина, а на момците провлекување на жица низ кожичката за да се предизвикаат инфекции, а со тоа и да се спречат ерекциите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top