| четврток, 6 декември 2018 |

Еквадор ја блокира шведската истрага против Асанж

Плановите на шведските истражни органи за сослушување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во еквадорската Амбасада во Лондон, се доведени во прашање поради блокадата на Еквадор, кој сослушувањето го условува со одобрување на политички азил за него од страна на Шведска, соопштија денеска властите во Стокхолм.

asanz

– Ако сака азил, (Асанж) мора да дојде во Шведска, изјави претставничката на шведското Министертсво за правда, Сесилија Ридселиу.

Шведските обвинители првично бараа Асанж да отпатува во Шведска за да биде сослушан во врска со обвинувањата против него за силување, но основачот на Викиликс го одби таквото барање стравувајќи дека Стокхолм би можел да го екстрадира во САД, каде му се заканува судски процес поради објавувањето на тајните американски долументи на неговата интернет страница.

По повеќемесечен ќорсокак, во март годинава шведските истражители се согласија да го сослушаат Асанж во еквадорската Амбасада во Лондон, но сега тоа е доведено во прашање поради новото барање на Еквадор за политички азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top