Кога нешто не е во ред со главата, тоа значи дека чувствувате дека нешто со вас сепак не е во ред.
Како размислувате, колку се плашите, колку верувате или не верувате, колку сте подготвени за борба или предавање, што сакате да заборавите а од што да се заштитите – сето тоа се “запишува” некаде во нашиот ум и тело.
Ваквото објаснување на болестите и пореметувањата може да ви помогне како подобро би го разбрале сопственото тело, своите мисли и нивната поврзаност. Секако дека секој човек е единка за себе и не може се да се генерализира, но ова е едно навистина интересно гледиште.
Главоболки
Се појавуваат кога се казнувате себе си. Мигрена имаат оние кои што сакаат да бидат совршени и сами креираат притисок под кој што живеат. Има тука и огромно количество на потиснат бес.
Синуси
Ако ви прават проблем, може да биде и поради тоа што во животот ве иритира некој што ви е навистина близок. Можеби имате чувство дека тој некој ве злоупотребува.
Очи
Проблемите со очите укажуваат дека постои нешто што за себе, своето минато или иднина не сакате да го видите. Негирањето и желбата да “не гледате што се случува околу вас” предизвикува проблеми со сетилото за вид.
Слух
Овие проблеми говорат дека постои нешто што не сакате да го чуете. Болките во увото укажуваат дека во себе носите бес за нешто што не сте го слушнале.
Коса
Косате претставува сила. Кога сте напнати и исплашени, формирате челична бариера која што започнува во мускулите на рамениците и се шири кон врвот на главата, а понекогаш и на подрачјето околу очите. Ако постои некаква напнатост која што трае подолго, скалпот се собира, косата не може да дише, и затоа умира и опаѓа. Така доаѓа и до ќелавост.
Глава
Кога нешто не е во ред со главата, тоа значи дека чувствувате дека нешто не е во ред со вас. Главата му ја покажувате на светот околу вас и токму по неа ве препознаваат.
Врат и грло
Вратот ја претставува вашата способност да бидете флексибилни во размислувањата и согледувањата од двете страни, односно разбирање на гледиштата на другите луѓе. Кога имате проблеми со вратот, тоа значи дека најверојатно сте биле тврдоглави во проценувањето на своите ситуации, уверени дека вашето гледиште е единствено исправно.
Грлото претставува способност да кажете што мислите и да го побарате она што го сакате. Ако ве боли грлото, тоа главно значи дека мислите дека немате право на таков став, но и дека имате некаков потиснат бес. Ларингитисот значи дека сте толку многу лути, што не можете повеќе ниту да зборувате. Грлото е креативниот тек низ телото, а ако вашата креативност е задушена, можно е да имате проблеми со грлото. Исто така, ако се обидувате да се промените или сте среде промени, ќе забележите промени во грлото.
Раце
Претставуваат способност да ги опфатите сите животни искуства. Горниот дел е поврзан со способностите, а долниот со вештините.
Старите емоции ги чувате во зглобовите, а лактите ја претставуваат флексибилноста при менувањето на правците. Секој прст има свое значење. Ако го повредите показалецот, во вас чувствувате бес и страв поврзани со егото во моменталната ситуација. Палецот претставува грижи, средниот прст секс и бес, показалецот заедништво и тага, а малиот прст има поврзаност со семејството и лагите.
Грб
Ако имате проблеми со грбот, тоа може да значи дека чувствувате дека околината не ве поддржува доволно. Горниот дел од грбот има поврзаност со чувството на недостаток на емоционална поддршка. Средниот дел е поврзан со чувството на вина – се плашите да погледнете што има зад вас. Страв дека нема да имате пари и дека ќе живеете со големи материјални недостатоци се искажани со болови во долниот дел од грбот.
Кожа
Ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата, чувствувате дека сте на некаков начин загрозени и дека другите владеат со вас.
Бели дробови
Ја претставуваат способноста за давање и земање во животот. Ако имате проблеми со белите дробови, можно е да се плашите да го земете она што ви треба или можеби чувствувате дека немате право да живеете живот каков што сакате.
Гради
Градите претставуваат мајчински принципи. Ако имате проблеми со градите, тоа вообичаено значи дека сте претерале со мајчинските, заштитничките или посесивните ставови кон некоја личност, место, предмет или искуство.
Срце
Претставува љубов, а крвта е радост. Срцето пумпа радост низ телото. Кога во животот ќе си ускратите од радоста и љубовта, вашето срце се собира и станува ладно. Резултат е побавен проток на крв и отворен пат кон анемија, ангина пекторис или инфаркт. Луѓето кои што преживеале срцев уар често никогаш искрено не се радувале во животот.
Желудник
Ги вари сите ваши нови идеи и искуства. Ве боли желудникот – што или кого не можете да сварите? Или кои тоа нови искуства не можете да ги апсорбирате? Исплашени сте.
Нозе
Нозете ве носат низ животот. Проблемите со нозете често укажуваат дека постои страв од движење, да се оди напред или двоумење да се тргне во одреден правец. Кога нешто не сакате да правите, чувствувате проблеми со нозете.
Колена
Претставуваат флексибилност, исто како и грбот. Ја изразуваат способноста за прилагодувања, егото, гордоста, тврдоглавоста. Кога ве болат колената, запрашајте се каде сте толку тврди, непопустливи и одбивате да се прилагодите.
Стапала
Се врзуваат со разбирањето на себе си и животот околу себе, минатото, сегашноста и иднината.
Премногу килограми
Претставуваат потреба за заштита. Дебелите луѓе бараат заштита како не би биле повредени, омаловажени, критикувани или измамени. Имаат страв од животот.
Болки
Болката од било каков вид говори за чувствување на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето е болно. Хроничната болка е хронично чувство на вина толку длабоко всадена, што човек не е ниту свесен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.