| четврток, 6 декември 2018 |

Аластер Крук: Западот е одговорен за создавањето на ИД

Западот е одговорен за создавањето на џихадистичката група Исламска држава (ИД), бидејќи 60 години го злоупотребуваше радикалниот ислам за сопствени цели во борбата против арапскиот национализам и намалувањето на влијанието на Москва на Блискиот Исток, смета директорот на Форумот за конфликти со седиште во Бејрут и експерт за Блискиот Исток, Аластер Крук.

isis-2.si

– За цело тоа време се поклопуваа интересите на Западот и на вехабистите, со што западните земји на исвесен начин му кумуваа на (џихадистичкиот) проект, исто колку и Саудиска Арабија, изјави Крук во интервју за Танјуг.

Според него, целите и методите на ИД суштински се разликуваат од оние на Ал Каеда, а најголема опасност за Западот е неразбирањето на суштината и превирањата во муслиманскиот свет.

– За разлика од Ал Каеда, која имаше идеја со своите напади на Западот да ги провоцира САД и западните земји, ИД не е заинтересирана за такви акции на западно тло, туку сака да ги испровоцира странските војници и да ги порази на сопствена територија, оценува Крук.

Тој нагласува дека терористичките напади извршени во западните земји, иако се инспирирани од ИД, повеќе се резултат на разочараноста и отуѓеноста на домашните муслимани, отколку последица на дирекни наредби од лидерите на Исламска држава во Молсул или Рака.

– Западните политичари длабоко грешат кога и приоѓаат на ИД како на некоја ефемерна терористичка група, која нема корени и не сакаат да ја признаат својата грешка, смета Крук.

Спорeд него, Западот мора да се потруди да сфати дека ИД не е обична група на терористи и криминалци.

– Додека не го стори тоа, (Западот) не ќе може да го разбере обемот на она што може да се случи. Тие мислат дека решението е во специјалните сили и беспилотните летала, а со тоа всушност само ја влошуваат ситуацијата, заклучува Крук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top