Момче на возраст меѓу 25-30 години попладнево исчезнало во водите на Дојранското езеро, дознава Курир.
Од СВР Струмица за Курир потврдуваат дека во канцеларијата во Дојран и полициската станица во Гевгелија било пријавено дека младо момче исчезнало во водите на езерото.
На лице место се наоѓаат полициски екипи и во тек е потрага по исчезнатото лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.