Еден од најдобрите српски ракометари и досегашен капитен на националниот состав Момир Илиќ реши да стави крај на репрезентативната кариера по 11 години, пренесуваат денеска српските медиуми.
Србија е главен конкурент на Македонија во групата за третото место кое води понатаму на ЕП во Полска 2016 година.
Покрај Србија, Македонија во групата ќе се сретне уште и со домаќинот
Одлуката да се прости од националниот дрес, најдобриот стрелец во Лигата на шампионите минатата сезона, ракометарот на Весперем ја донел уште пред два месеци, пред последниот натпревар од квалификациите за ЕП против Израел.
Во дресот на репрезентацијата на Србија настапуваше 11 години, а најголемиот успех во националниот дрес го постигна на ЕП во 2012 година на кое Србија го освои сребрениот медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.