| четврток, 6 декември 2018 |

Седум финти за рамен стомак без диета и без вежбање

Неколку американски професионалци направија список на навики кои може да ги внесете во вашето секојдневие и да ги постигнете посакуваните резултати, без многу труд.

1. Исправете се

– Кога стоите или седите со исправен грб вашите мускули на стомакот се ангажирани, а освен тоа вашиот систем за варење работи многу подобро– тврди Ким Лионс, тренер во американското шоу „Најголемиот губитник“.

2. Внесувајте доволно вода

– Кога организмот е дехидриран, тој прави складиште за вода, кое најчесто се наоѓа во пределот на стомакот. Поради тоа, потребно е секој ден да пиете 8 чаши вода – вели Лионс.

3. Јадете пополека

– Џвакајте го секој залак најмалку 10 пати пред да го голтнете. Тоа ќе го олесни варењето на храната и нема да имате проблеми со дигестијата. Освен тоа, кога јадете брзо голтате и воздух кој може да го зголеми вашиот стомак – вели д-р Џудит Рајкмен, професорка на Универзитетот Калифорнија.

4. Користете пробиотици

– Пробиотиците се добри бактерии кои му помагаат во работата на вашиот дигестивен систем и ги спречуваат гастроинтестиналните проблеми кои може да доведат до зголемување на желудникот. Еден од најдобрите пробиотици е јогуртот – тврди нутриционистот Џони Бауден.

5. Редовно пешачете

– Секојдневното триесетминутно пешачење ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ви помогне да се ослободите од вишокот наслаги во стомакот – вели Ким Лионс.

6. Сублименти

– Како додаток во исхраната консумирајте калциум, бидејќи тој го намалува естрогенот во вашиот организам, кој ако се зголеми е главен фактор за маснотии во стомакот – вели д-р Рандолф.

7. Релаксирајте се

– Кога сте нервозни вашето тело произведува поголема количина стероиди и хормони на стрес, кои негативно влијаат на дигестивните функции и создавањето на масти. Поради тоа, неопходно е да издвојувате 20 минути во текот на денот за да се релаксирате на начин кој најдобро ви одговара– тврди д-р Рандолф.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top