Стотина млади политички активисти се собраа во летниот камп на островот Утоја, по првпат откако пред четири години десничарскиот екстремист Андер Брејвик во него уби 69 лица.
Еден од преживеаните, Свер Аутаус, вели дека поминал низ многу лош период, кога ги загубил блиските пријатели во стравичниот напад на 22 јули 2011 година, но вистинско време е таму да се врати со пријателите.
Повеќе од 1.000 млади се запишаа за викенд-семинар на политичките и социјални активности, во организација на подмладокот на левичарската Лабуристичка партија, која е сопственик на островот.
На првото сослушување по апсењето, Брејвик призна дека извршил убиство на 77 цивили, нарекувајќи го своето дело „гнасно, но неопходно“, велејќи дека тоа што го сторил не е кривично дело и дека тој поради тоа не сноси кривична одговорност.
Тој за себе тврди дека е член на меѓународна антиисламска мрежа, која има две ќелии во Норвешка. Полицијата ја доведуваше во прашање веродостојноста на наводите на Брејвик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.